Во драматична ситуација на продлабочување на јазот меѓу двете најмоќни политички семејства во таа југоисточна азиска земја, Дутерте на прес-конференција во раните утрински часови изјави дека разговарала со убиецот и му наложила да ги убие Маркос, неговата сопруга и претседателот на филипинскиот парламент, доколку таа е убиена прва.
„Разговарав со една личност. Реков, ако ме убијат, одете убијте ги ББМ (Маркос), (првата дама) Лиза Аранета и (претседателот на парламентот) Мартин Ромуалдез. Без шега“, рече Сара Дутерте на брифинг исполнет со пцовки.
„Реков, не застанувај додека не ги убиеш, тој рече да“, додаде таа.
Кабинетот на претседателот одговори со соопштение во кое се вели: „Постапувајќи според јасната и недвосмислена изјава на потпретседателката дека ангажирала атентатор да го убие претседателот доколку успее наводниот заговор против неа, извршниот секретар ја препрати таа активна закана до командата за безбедност на претседателот за да преземе итна соодветна акција.
„Секоја закана по животот на претседателот мора секогаш да се сфати сериозно, особено што оваа закана беше јавно откриена на јасен и несомнен начин“, се вели во соопштението.
Кабинетот на Дутерте не одговори веднаш на барањето за коментар за најавата на претседателот.
„Оваа земја оди по ѓаволите бидејќи нè води личност која не знае да биде претседател и која е лажго“, рече Дутерте на брифингот.
Таа е ќерка на претходникот на Маркос, поднесе оставка од неговата влада во јуни, додека остана потпретседателка, сигнализирајќи го колапсот на силната политичка алијанса што им помогна на неа и на Маркос, синот и истоименикот на покојниот авторитарен лидер, да обезбедат убедлива изборна победа во 2022 година.
Претседателот на парламентот Ромуалдез, роднина на Маркос, го намали буџетот на владата на потпретседателот за речиси две третини.
Објавата на Дутерте за атентатот на прес-конференција е најновата во низата испади кои го покажуваат степенот на конфликтот во врвот на филипинската политика.
Во октомври таа го обвини Маркос за неспособност и рече дека фантазирала да му ја отсече главата на претседателот.
Двете семејства се во расправија околу надворешната политика и смртоносната војна против дрогата на поранешниот претседател Родриго Дутерте.
На Филипините, потпретседателот се избира одвоено од претседателот и нема официјални должности. Многу потпретседатели беа вклучени во општествениот развој, додека некои беа именувани на позиции во владата.