петок, 4 октомври 2024
Тренерот прифатил помала компензација по отказот

Потер покажал разбирање, Боли во последен миг се спасил од срамна исплата на неверојатни 50 милиони

Објавено на

часот

Сподели

По отказот на Томас Тухел, Челси го ангажираше Грем Потер и во стратегот покажа огромна доверба со петгодишен договор и плата од 12 милиони фунти по сезона.

Сепак, седум месеци подоцна, Тод Боли и неговите соработници се решија за нова промена и вчера му „удрија клоца“ и на Грем Потер.

Се шпекулираше дека овој потег че направи голема дупка во финнасиите на „сините“, односно тие ќе треба да му исплатата на тренерот околу 50 милиони фунти, односно остатокот од договорот.

Сепак, Атлетик пренесува дека Тод Боли се спасил од срамна исплата и во последен миг успеал со Грем Потер да постигне согласност за компензација која е значително пониска од 50 милиони фунти.

Но и покрај тоа оваа авантура прилично скапо ќе го чини Челси ако во предвид се земе тоа што беа платени 20+ милиони фунти за да го ослободат Грем Потер и неговите соработници од обврските со Брајтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ