Во скопската полиција вчера 75-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице. Таа изјавила дека непознато лице на телефон ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати одредена сума за нејзината ќерка да биде ослободена. Таа ги оставила парите и личниот накит на договорена локација. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Постари лица измамени со наводни сообраќајки на нивни блиски
Вчера 84-годишен маж од Скопје пријавил дека тој и неговата сопруга биле измамени од едно лице. Тој бил телефонски контактиран од непознато лице кое му кажал дека неговата внука направила сообраќајна несреќа со смртни последици и дека треба да се сретнат за да плати одредена сума за неговата внука да биде ослободена. Откако ги дале парите, пријавителите сфатиле дека се измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Објавено на
часот