Ако внимателно и граматички го читате новиот Деловник, можноста за да не ја свика комисијата е само на претседателот на матичното комисија, но не и кај спикерот, вели Апасиев.
Според него, правната одговорност е кај претседателот на Собранието, Гаши, додека политичката кај владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Ваквата ситуација, додаде, создава правна пукнатина која во иднина уште повеќе ќе се злоупотребува.
„Политичката одговорност е кај ДПМНЕ, затоа што со ова се покажува зошто партија со двајца пратеници не треба да има спикер, за секое вакво чкрипење треба да одите на бакни рака кај спикерот и тука политичката одговорност е кај овие 58 пратеници. Точно се покажа нашата теза дека партијата со најголем број пратеници треба да го има спикерското столче, токму поради вакви ситуации и ние сметаме дека ова создава една правна пукнатина која што во иднина и тоа како ќе се злоупотребува, доколку помине несанкционирана“, рече Апасиев.