Македонски железници воведе возови што од Скопје во деновите на одигрувањето на средбите ќе тргнуваат во шест часот наутро, а пристигнувањето за Белград е предвидено за 15.25 часот. Возот од Белград кон Скопје тргнува од српската престолнина во 23.30 часот и ќе пристигне во 7.50 часот.
Со новите линии билетите поевтинија, па во овие четири дена билетот чини 2.018 денари, што е за 260 денари поевтино од редовниот (2.278). Цената на билет во еден правец е 1.424 денари.
На релацијата Скопје – Белград има и редовни линии, и тоа од Скопје во 8.20 и 20.10 часот, а пристигнуваат во 18 односно 5.45 часот. Кон Скопје од Белград тргнуваат во 21.50 и 7.50 часот.