четврток, 19 септември 2024

Посебна боја за регистарските таблички за службените возила

Работна група на чело со премиерот Христијан Мицкоски и претставници на засегнатите институции треба да ги подготват законските измени по вчерашната владина одлука за државните коли да добијат посебни, препознатливи регистарски таблички. Освен тоа, со владината одлука предвидена е и подготовката на регистер на сите службени возила.

Објавено на

часот

Сподели

Целта е да запре долгогодишната злоупотреба на возилата и буџетските средства, соопшти вчера Владата.

Информациите колку службени возила вкупно имаат Владата, министерставта и државните институции се прибираат.

Овие мерки беа побарани од поранешниот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата кои бараат јавно достапен регистар на возила.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ