„Во официјална посета на Македонија е претседателката на парламентот на Албанија, Елиса Спиропали. Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници“, се вели во соопштението на МВР.
Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје
МВР информира дека денеска е воспоставен посебен сообраќаен режим на поширокото централно подрачје на Скопје.
Фото: П.Џ.
Објавено на
часот