среда, 9 октомври 2024

Поранешниот француски претседател Саркози осуден на една година затвор

Поранешниот француски претседател Никола Саркози е прогласен денес за виновен на Апелацискиот суд за незаконско финансирање на неговата изборна кампања во 2012 година, со што е потврдена пресудата на понискиот суд.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Осуден е на затворска казна од една година, од кои шест месеци се условни, што значи дека тоа време не би бил во затвор, но би бил со ограничено право на движење.

Тој на едногодишна казна затвор беше осуден во 2021, но таа казна беше суспендирана откако поднесе жалба.

Саркози беше претседател на Франција од 2007 до 2012, а и покрај низата судења и истраги поврзани со финансирањето на претседателската кампања и понатаму е влијателен кај конзервативците. Во пријателски односи е со актуелниот претседател Емануел Макрон.

Обвинителите тврдеа дека Саркози за претседателската кампања во 2012 потрошил 43 милиони евра, речиси двојно повеќе од дозволеното.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ