среда, 11 декември 2024

Поранешен директор на Комунална чистота од Богданци заработи пријава, криел долгови во фиока

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гевгелија, против поранешен директор на Комунална чистота – Богданци, поради злоупотреба на службената положба.

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува во соопштението на МВР, во периодот од 1 јануари 2019 до 31 декември 2022 година, Р.П. како директор на Јавното претпријатие пропуштил да бидат наплатени долгови кај корисници и со тоа причинил штета во висина од околу 360.000 денари.

„Во временскиот период од 1 јануари 2019 до 31 декември 2022 година како директор во јавното претпријатие, со неизвршување на своите службени обврски, сторил повреда на повеќе одредби од подзаконски акти и договори, односно пропуштил да бидат наплатени долгови по основ на извршени услуги од Комунална чистота – Богданци, направени од страна на физички и правни лица од Општина Богданци, не водел сметка сите побарувања од корисниците да бидат соодветно обезбедени преку судска или друга соодветна постапка пред истите да застарат, поради што било пропуштено да биде наплатен долгот од корисниците на услугите, при што била причинета вкупна материјална штета во висина од околу 360.000 денари на Комунална чистота – Богданци“, пишува во соопштението на МВР.

Со тоа, додаваат, пријавениот сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ