среда, 9 октомври 2024

Поради проблеми со притисокот во авионот, на патници на американската Делта им крвавеле ушите и носот

Патниците на Делта Ерлајнс закрепнуваат откако поради проблеми со притисокот во патничката кабина на летот од Солт Лејк Сити до Портланд, САД, неколкумина крвавеле од ушите и носот, јавува Си-ен-ен.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Искрено им се извинуваме на нашите клиенти за нивното искуство на летот 1203 на 15 септември“, се вели во соопштението на портпаролот на Делта.

По слетувањето во Солт Лејк Сити, патниците на летот 1203 биле сместени во друг авион. Техничарите на Делта го решиле проблемот со притисокот на авионот, соопшти авиокомпанијата, а следниот ден авионот повторно почна да лета.

Џејси Персер, патник во авионот, за Си-ен-ен изјави дека се чувствувала како некој да ѝ прободел нож во уво. „Слушнав како малку воздух да излегува, а потоа ми звучеше како увото да ми врие. Го допрев и почувствував крв“, рече Парсер.

Парсер, која била на службено патување, рече дека нејзините колеги и другите патници исто така имале слични проблеми.

„Сите се држеа за ушите, на луѓето им крвавеа носовите“, рече таа.

Не им требаше многу време на патниците да забележат дека нешто не е во ред на летот, изјави патничката Керин Ален за филијалата на Си-ен-ен, КСЛ.

„Го погледнав мојот сопруг и тој се држеше со двете раце на ушите. Погледнав зад мене и имаше еден господин со многу крвав нос и луѓето се обидуваа да му помогнат“.

Немало посериозни повреди, но медицинскиот персонал им укажал лекарска помош на десет лица.

Федералната управа за авијација соопшти дека ќе го истражи инцидентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ