вторник, 10 декември 2024

Поради екстремната зима, во Монголија угинаа два милиони животни

Повеќе од два милиони животни угинале оваа зима во Монголија бидејќи земјата се соочува со екстремен студ и снег, соопшти владин претставник.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Екстремно ниските температури од декември до март не се новина во источноазиската земја, каде што во некои области знаат да паднат и до минус 50 Целзиусови степени. Но оваа зима беше поостра од вообичаеното, со температури пониски од вообичаеното и со многу обилен снег, се вели во неодамнешниот извештај на ОН.

Гантулга Батсаихан од Министерството за земјоделство на Монголија изјави дека до понеделникот 2,1 милиони говеда умреле од глад и исцрпеност. Монголија имала 64,7 милиони такви животни на крајот на 2023 година, вклучувајќи овци, кози, коњи и крави, според официјалната статистика. Овие екстремни временски услови, кои во Монголија се нарекуваат „зуд“, обично доведуваат до смрт на огромен број домашни животни. ОН објавија дека климатските промени ја зголемуваат зачестеноста и интензитетот на земјотресите.

Монголија се соочи со шест „зуда“ во изминатата деценија, вклучително и зимата 2022/2023 година, кога угинаа 4,4 милиони говеда. Годинешниов зуд беше влошен и од летната суша, која ги лиши животните од создавање резерви масно ткиво што ќе им помогне да ја преживеат суровата зима.

Седумдесет проценти од Монголија се соочуваат со „зуд“ или слични временски услови. Во истиот период лани таа бројка изнесуваше 17 проценти.

„Зимата започна со обилни врнежи од снег, но наеднаш температурите на воздухот се зголемија и снегот се стопи“, изјави за АФП сточарот Тувашинбајар Бјамбаа.

„А потоа температурите повторно паднаа, што го претвори стопениот снег во мраз.“

Добитокот тешко доаѓа до тревата што е под мразот, додаде тој, што го оневозможува пасењето и принудува многу сточари да позајмуваат пари за да купат храна.

„Промените на времето се толку ненадејни овие денови“, рече Тувашинбајар.

Најсмртоносниот забележан зуд се случи во зимата 2010/2011 година, кога угинаа повеќе од 10 милиони животни, што тогаш беше четвртина од вкупниот број на добитокот во земјата.

Снегот оваа година ја влоши ситуацијата за сточарите, ги зароби во постудените региони и им оневозможи во околните градови да купат сточна храна и сено за своите животни. Монголија е една од најретко населените земји во светот, а околу една третина од нејзиното население од 3,3 милиони луѓе живеат номадски живот.

Владата вети помош и покрена кампања за испорака на сено до сточарите во обид да спречи понатамошно губење на клучните суровини како што се месото и кашмирот, некои од главните извозни производи во земјата. Но засега, Тувшинбајар и неговите колеги сточари можат само да се молат за потопло време.

„Станува премногу тешко да се биде сточар, во лето страдаме од суша и поплави, а во зима од зуд“, изјави тој за АФП.

„Ќе почнам да ги губам животните ако снегот не се стопи во наредните месеци“, додаде тој.

„Сите сточари се молат потоплото време да го стопи мразот за нашите животни да можат да дојдат до тревата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ