среда, 12 февруари 2025

Поплави опустошија дел од Италија (ВИДЕО)

Невремето повторно ги зафати италијанските провинции Тоскана и Лигурија, делови од Фиренца беа поплавени, пренесуваат денеска италијанските медиуми.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Неколку области на градот беа поплавени, особено населбите Олтрарно и Галуцо, соопшти локалната полиција.

Кран се урна врз зграда во Рим, но никој не е повреден, објави јавниот сервис Раи.

Дел од кранот паднал на балкон на петти кат од шесткатница, три семејства се евакуирани од зградата.

Невреме ја погоди Лигурија во текот на ноќта, реката Ентела се излеа од коритата во Кјавари, имало и лизгање на земјиштето во Вал Фонтанабуона.

Во областа Тигулио денеска ќе биде во сила црвен метео аларм, додека во Џенова е прогласен портокалов.

Во северна Тоскана, исто така, издадено е предупредување за опасност од лизгање на земјиштето и поплави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ