Како што информираат од Владата, средбата доаѓа по бројните забелешки за работата на Судскиот совет, ниската доверба и отворениот повик на Владата за предлози за реформи во Судскиот совет.
По завршување на средбата, претседателот на Владата ќе даде изјава за медиумите.
Мицкоски во неколку наврати досега изјавуваше дека е за укинување на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители како дел од реформите во правосудството.