Полска го доби првиот сет со 25-23, но следните два им припаднаа на Американците со 27-25 и неверојатни 25-14.
Момците на Никола Грбиќ успеаа да изедначат на 2-2 добивајќи го четвртиот сет со 25-23. Во петтиот решавачки Полска беше подобра со 15-13 за победа и пласман во финале.
За Полска ова е прво финале на Олимписките игри по 48 години кога во 1976 година освоија златен медал.
Во финалето Полска ќе игра против Франција која со 3-0 ја совлада Италија.
Домаќинот лесно дојде до триумфот со 25-20, 25-21 и 25-21.