петок, 4 октомври 2024

Полскиот министер за земјоделство, огорчен поради цените на украинските житарки, поднесе оставка

Објавено на

часот

Сподели

„Бараме употреба на сите регулаторни инструменти – квоти, тарифи – кои ќе го ограничат или блокираат увозот на украинско жито во Полска“, рече премиерот Матеуш Моравјецки на прес-конференција минатата недела.

Украина е еден од најголемите извозници на жито во светот, но руската инвазија го попречи нејзиниот извоз преку пристаништата на Црното Море. Минатото лето беше постигнат договор со посредство на ОН и Турција за коридорот за да се обезбеди снабдување на земјите од Блискиот Исток и Африка, кои се главни клиенти.

Дел од украинските пратки во меѓувреме беа пренасочени преку Полска и Романија, а некои таму и го завршија патувањето. Бидејќи се поевтини од родот на локалните земјоделци влијаат на цените и нивната продажба.

„Полска ќе побара од Европската комисија да примени заштитна клаузула за увоз на житарки од Украина во Полска“, рече Ковалчик минатата среда по состанокот со претставници на земјоделците, додавајќи дека Полска ќе ги повика Словачка, Романија, Унгарија и Бугарија да преземат слични чекори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ