Иако гаѓањето руски цели во воздушниот простор на Украина се заканува да го вовлече НАТО во војна со Русија, тој предлог веќе некое време го изнесуваат украинските власти, но полскиот министер за одбрана Владислав Кошњак-Камиш веќе неколку пати го отфрли.
Полјаците го поддржуваат соборувањето руски ракети или неидентификувани објекти како што се беспилотни летала, но само ако тие навлезат на полска територија, иако премиерот Доналд Туск ја фали армијата што е воздржана и не соборува безумно сѐ што ќе влета во Полска.
Според анкетата на полскиот весник Жечпосполита, 58 отсто од Полјаците изјавиле дека сакаат полската противвоздушна одбрана да ги соборува авионите и проектилите што би влетале во Полска за време на руските напади врз цели во Украина, дури и кога војската не е сигурна дали објектот е цивилен.
Спротивно на тоа, полскиот премиер Туск ја пофали воздржаноста на војската да не го собори дронот што минатата недела полета од Украина во Полска, 25 километри длабоко во нејзината територија, бидејќи временските услови не дозволувале сигурна идентификација.
Тоа летало уште во Украина сè уште беше следено од три полски радари, но потоа исчезна, а армијата и територијалната одбрана оттогаш безуспешно го бараат.