На интернет се појавија фотографии и видеа од акцијата за санирање на насипот. Надлежните ги повикаа граѓаните да ги следат известувањата и апелираа на одговорност.
Според локалните служби, во текот на ноќта од понеделник кон вторник, 76 хидрометеоролошки станици, главно во југозападниот дел на Полска, ги надминале нивоата на тревога, додека дополнителни 40 ги надминале нивоата на предупредување.
#Oława
Kilkudziesięciu ludzi od wielu godzin szykuje worki do obrony miasta. Inni przynoszą pizzę, kawę i wodę. Straż miejska mówi, że nikogo nie trzeba zachęcać, niesamowita mobilizacja.#Powodź pic.twitter.com/5L0mTgShOJ— Mikołaj (@mmakowski96) September 16, 2024
Недолго потоа, се појави информација дека е санирана штетата на реката Ниса Клоџка, на улицата Виспианскиего. „Сега се бориме со дупка на насипот веднаш до браната на езерото Ниски“, изјави капетанот Дариуш Прига од Окружната администрација на Државната пожарникарска служба во Ниса, додавајќи дека поставуваат вреќи со песок.
Czy ja dobrze usłyszałam? Zatopili Nysę, żeby uratować Wrocław?😡😡😡 pic.twitter.com/37oM9ZE7un
— Ala #TAKdlaCPK (@Alicja322) September 16, 2024
Потоа пристигна информација дека се појавиле нови проблеми.
„Имаме втор процеп на насипот. Отпрвин беше мал, но сега значително се прошири“, изјави капетанот Дариуш Прига во интервју за РМФ ФМ. Тој исто така додаде дека сè уште ја полнат дупката со учество на воени хеликоптери МИ-17 кои фрлаат големи вреќи со песок на насипот.
Градоначалникот на Ниса во интервју за РМФ ФМ изјави: „Се надеваме дека Ниса ќе се спаси од поплавата. Ова е најважната ноќ во историјата на градот во 21 век“, нагласи градоначалникот на Ниса, Кордијан Колбијарц. Тој ги пофали жителите на градот за нивната голема посветеност во зајакнувањето на оштетениот насип.
„Пред само неколку минути, на насипот имаше околу 2.000 луѓе – жени, мажи, деца, постари лица“, наброја тој. „Огромна посветеност, голема љубов кон градот. Сите сакаме градот да преживее“.