вторник, 3 декември 2024

Политичките интелектуалци не гледаат храброст во газењето на македонското знаме

Сквернавењето на македонското знаме на вчерашната манифестација во Скопје за одбележување на „денот на албанското знаме“, предизвика осуда од полититичките субјекти во Македонија, но и реакции на неодобрување на таквиот чин од независни политички интелектуалци.

Објавено на

часот

Сподели

Поранешниот министер за финансии, Џеведет Хајредини на својот  фејсбук-профил, со цинична порака кон сторителите, го осудува газењто на македонското знаме.

„Не е знак на храброст со кола да газиш над знамето на државата во која живееш“, пишува Џевдет Хајредини.

Амбасадорот Зоран Дабиќ, во осудата на чинот на сквернавење на македонското знаме, го согледува и аспектот на осквернавено знаме на земја членка на НАТО.

„ Славење на едно знаме не дава право за скрнавење на било кое друго знаме. Напротив, со тоа се покажува непочитување кон знамето како национален симбол, вклучително и сопственото. Синоќа, заедно со македонското знаме беше оскрнавено и знаме на земја членка на НАТО“, пишува амбасадорот Дабиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ