Како што соопшти МВР, при претресот пронајдени се над четири килограми марихуана, 18 пакувања со прашкаста материја (амфетамин) и бела грутчеста материја.
Д.А. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.
Синоќа во 22 часот на улица 18 Ноември во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода Џ.З. од гостиварско Дебреше.
„При претрес во домот и помошните простории извршен со судска наредба во село Дебреше, каде што живее Џ.З. живее со нејзиниот сопруг Д.Н., биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, саксија со засадено стебло од канабис, кутија со семки од растението канабис, две дигитални ваги, една пушка, 144 парчиња муниција и пари“, соопштија утрово од МВР.
Таа е задржана во полициска станица и се преземаат мерки за пронаоѓање на Д.Н., кој не бил присутен на претресот. По целосно расчистување и документирање на случајот и ќе следува соодветен поднесок.
Во третиор случај, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид вчера во струшката населба Езерски лозја го лишиле од слобода Л.А. од Албанија.
Како што информира МВР, при претрес во апартман, кој го користел Л.А., била пронајдена и одземена марихуана и други предмети.
„По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.