МВР денеска соопшти дека кај Б.И. (47) од с. Студеничани пронајдени се 11.604 пиротехнички средства, пари, околу 40 килограми тутун и поголема количина цигари без бандероли.
Кај С.Н. (48) од Скопје пронајдени се 14.942 парчиња пиротехнички средства и пари. Лицата се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 став 7 од Кривичниот законик. Исто така, при преглед на импровизирана тезга пронајдени се околу 14.000 пиротехнички средства.