среда, 11 декември 2024

Полицијата запелни незаконски исечени дрва за огрев

Во два засебни случаи во селата Дебреште и Арилево, полицијата вчера откри незаконски исечени дрва за огрев кои биле запленети. Од МВР велат дека се работи на расчистување на двата случаи, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера од страна на полициски службеници од ОВР Македонски Брод во содејство со шумската полиција од Прилеп и Македонски Брод на место викано Голем рид во атарот на село Дебреште, општина Долнени, бил затекнат трактор ИМТ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Ј.И. од, натоварен со огревно дрво без жиг и без испратница, а во непосредна близина биле пронајдени и други огревни дрва, нежигосани и бесправно исечени. Дрвата се подигнати од страна на Национални шуми- Македонски Брод, а против Ј.И. ќе следува соодветен поднесок“, информираа од МВР.

Крушевската полиција пак, вчера вршејќи мотопатролна служба во атарот на село Арилево,крушевско, пронашле нежигосани огревни дрва.

„Се работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ