понеделник, 10 февруари 2025

Полицијата уапси радовишанец и штипјанец, краделе во продавници во Пробиштип и Злетово

Вчера попладне во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип ги лишиле од слобода С.А. од Радовиш и М.Е. од Штип, поради сомнение дека завчера извршиле две кривични дела тешка кражба во продажни објекти во Пробиштип и Злетово, при што одзеле повеќе производи, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„Исто така, тие се сомничат дека со употреба на сила се обиделе да влезат во друг продажен објект во Злетово, но не успеале. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ