вторник, 18 март 2025
Вчера на територија на цела држава

Полицијата регистрираше 622 сообраќајни прекршоци за еден ден

Во текот вчерашниот ден во извршените планските сообраќајни контроли на патиштата низ државата прв пат е евидентирана бројка од дури 31 случај на минување на црвено светло од страна на возачите, соопштија денеска од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Од вкупно издадените 622 платни налози вчера, 58 се однесуваат на непоседување возачка дозвола, изречена е 41 мерка за користење мобилен телефон при возење, 30 санкции за некористење сигурносен појас, а санкционирани се и 12 возачи на мотоцикл за неносење заштитен кацига.

Во пет случаи евидентирано е возење под дејство на алкохол, а изречени се и 14 мерки за прекршоци што ги прават пешаците.

„Најголемиот број на издадени прекршочни платни налози и натаму се однесува на неприлагодената брзина на движење 111, и на непрописното паркирање 184. Воедно, согласно Законот за возила, во пет случаи отстранети од сообраќај се пет возила заради техничка неисправност и уште 15 возила заради тоа што биле нерегистрирани“, соопштија од МВР.

Министерството за внатрешни работи, во пресрет на претстојниот викенд во рамки на кој е одбележувањето на 8-ми Март, со оглед на очекуваната зголемена динамика на сообраќај, особено на помладите категории граѓани, уште еднаш апелира до сите учесници во сообраќајот за максимално и совесно почитување на сообраќајните правила и прописи, а пред се во интерес на личната безбедност на сите учесници во сообраќајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ