недела, 9 февруари 2025

Покрената истрага против италијанската премиерка

Римското обвинителство отвори истрага против премиерката Џорџа Мелони и двајца министри поради репатријацијата на либискиот воен лидер, кого го бара Меѓународниот кривичен суд во Хаг, соопшти денеска Мелони.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа рече дека истрагата се занимава со наводното помагање и поттикнување на Осама Анџием, познат и како Осама ал-Масри.

Мелони додаде дека цел на истрагата се и министрите за правда и внатрешни работи и потсекретарот на владата.

Италијанската влада е на удар на опозицијата, групите за човекови права и Меѓународниот кривичен суд поради ослободувањето на Ал Масри од технички причини, откако тој беше уапсен во северниот град Торино по наредба на меѓународниот суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ