Станува збор за младо момче, средношколец од Општина Аеродром кој во изминатиот период заедно со неговиот тим, со финансиска поддршка од општината, учествуваше и го освои првото место на меѓународниот натпревар „NASA Space Apps Challenge“.
Освен финансиската поддршка од градоначалникот Муцунски, Општина Аеродром во следниот период ќе организира хуманитарен настан каде собраните средства ќе бидат донирани токму во оваа намена.
Муцунски пред неколку месеци најави дека со разликата во платата ќе дава поддршка во различни хуманитарни настани и ќе поддржува лица со социјален ризик. Согласно, оваа најава тој во изминатиот период, во неколку наврати даде поддршка за десетина хуманитарни иницијативи и настани, соопштија од општината.