На другите гранични премини нема подолги задржувања.
Тоа што може попладне и вечер да се очекува е да биде голем бројот на патници кои преку Евзони – Богородица ќе се враќаат од Грција каде го минуваат продолжениот викенд.
Од Авто мото сојузот на Македонија – АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози и дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.