четврток, 12 декември 2024
Центарот на тиквешијата расте во модерен град

Поглед кон Кавадарци низ илјада Артево прозорци

Новиот повеќенаменски комплекс во Кавадарци, Литл Америка (Little America) ветува висок комфор во домовите со високо енергетско ефикасни решенија, и со извонредна топлинска изолација благодарение на прозорците изработени од најновите профили на Рехау Македонија, Артево (ARTEVO).

Објавено на

часот

Сподели

Ликот на Кавадарци полека, но сигурно се менува. Не само од естетски аспект како модерен европски град, туку и според изборот да се вградат градежни решенија чиј фокус е одржлива иднина, и иднината на новите генерации. Новиот повеќенаменски комплекс на вкупна површина од 35.000 м2 во новиот центар на Кавадарци, Литл Америка (Little Amerika) почна да заличува на ветениот грандиозен објект чиј главен приоритет е највисоко ниво на енергетска ефикасност.

Комфорни домови и пријатни деловни простории со можности за заштеда на
енергија до 70 отсто, извонредна топлинска и звучна изолација кои обезбедуваат услови за удобност, квалитетно минато време, и мир за станарите и за вработените. Довербата да се обезбедат најдобрите решенија за прозорци и врати достапни на македонскиот пазар, инвеститорот на објектот ја додели на Рехау Македонија, водечкиот премиум бренд за полимерни решенија, кои ќе вградат профили од најновиот прозорски систем, Артево (ARTEVO).

Можностите на Артево (ARTEVO) се неограничени, објаснува Сашко Даев директор на
Рехау Македонија, Косово и Албанија.

„Потрошувачите на македонскиот пазар препознаваат квалитет кој носи додадена вредност на инвестицијата. Едноставно на пазарот од секогаш сме имале понуда која исполнувала стандарди за квалитет и ја оправдувала инвестицијата. Артево (ARTEVO) е најновиот прозорски систем на нашиот пазар, и веднаш стана препознатлив по карактеристиките кои овозможуваат енергетската ефикасност до совршеност, односно обезбедува извонредна топлинската и одлична звучна изолација. Со инвеститорот на Литл Америка (Little America) договоривме да се вградат профили за речиси 1.000 прозорци за комплексот кој е во изградба“, вели Сашко Даев директор на Рехау Македонија, Косово и Албанија.

Современиот станбено – деловен комплекс Ла шопинг енд ливинг (LA Shopping and living) ќе се состои од три станбени објекти и еден деловно-трговски објект, а ќе биде центарот на новото урбано живеење во градот и во регионот, но визија на инвеститорот е да привлече и туристи во најпознатиот македонски вински регион.

Извонредната топлинска изолација која ја обезбедува прозорскиот систем Артево (ARTEVO) соодветствува на определбата на инвеститорот да изгради енергетско
ефикасен комплекс.

Со овој систем за архитектите веќе нема невозможно, затоа што е лесно прилагодлив за исполнување на нивните идеи и замисли. Односно, системот Артево (ARTEVO) го користи иновативниот материјал со високи перформанси рау-фипро X (RAU-FIPRO X) компoзитен материјал зајакнат со стаклени влакна кој во потполност ги редефинира границите на она што е изводливо во поглед на големините на прозорците.

Материјалот овозможува висина на прозорските елементи до плафон, односно висина на крилото до 2,80m. Новиот комплекс ќе ја подигне свеста за комфор на повисоко ниво поради квалитетот на материјалите и удобноста на живеење која ќе ја креираат во Новите станови.

Севкупниот простор со објектите е дизајниран да ги задоволи највисоките естетски и архитектонски критериуми преку примена на модерен архитектонски израз и современи материјали. Зградите ќе имаат деловни простории на приземјетo, а на останатите седум ката и поткровјата предвидени се двособни, трособни, четирисобни станови и дуплекси. Секоја зграда е опремена со паркинг на две нивоа, зеленило и заеднички простори. Невообичаено ќе изгледа и кровниот дел, или како што популарно го нарекуваме руф-топ-от на секој од објектите ќе биде уреден како заеднички простор за дружење со зелена градина, базен, сауна и теретана, обезбедувајќи приватност на станарите. Во комплексот се вградува и најсoфистицираниот систем за греење и ладење што ќе придонесе за заштеда на електрична енергија приближно до 70%.

Инвеститор e Тиквеш инвест ДООЕЛ, Кавадарци. Архитектонско биро: Студио К2, Архитекти ДОО Скопје, архитект Крсте Петров, диа.

За да се запознаете со предностите при користењето на Артево (ARTEVO) посетете ја
нашата страница – https://window.rehau.com/mk-mk/gradeznistvo/artevo

Како треба да изгледа комплекстот Литл Америка (Little America) и што се е предвидено да има можете да најдете на нивната страница – https://littleamerica.mk/

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ