На 3 септември во попладневните часови, детето на возраст од 14 години, заедно со уште две деца во ризик кои не наполниле 14 години и од тие причини не се кривично одговорни, палеле петарди и жижици на земјена патека во месноста Расадник, Кисела Вода.
„Како последица на тоа, бил инициран пожар кој брзо се проширил на околната сува трева поради ветерот и зафатил површина од околу 3 хектари – дрвја, сандаци со пчели и неколку бандери за пренос на електрична енергија. Со пожарот била предизвикана значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери“, се вели во соопштението од ЈОРСМ.
Министерството за внатрешни работи денес информира дека за случајот со пожарот во Расадник поднесена е кривична пријава против 14-годишен малолетник, кој заедно со уште две деца фрлале пиротехнички средства, по што се запалила сувата трева и настанал пожар во кој беа заатени околу три хектари површина. СВР Скопје до ОЈО Скопје поднел кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”, предвидено и казниво по член 288 од КЗ.
Во пожарот, како што информираа од Скопската противпожарна единица, опожарена е површина со сува трева, грмушки, автомобилски гуми и дрва во Расадникот. Во гаснењето интервенирале осум протовпожарни возила и 15 пожарникари, нема повредени лица, а е причинета материјална штета.