среда, 6 ноември 2024

Почнува нуклеарната вежба на НАТО

НАТО денеска ја започнува својата годишна нуклеарна вежба, во која ќе учествуваат околу 2.000 лица воен персонал од осум воздушни бази во следните две недели, со нагласок дека тоа не е одговор на руската инвазија на Украина, но е јасен сигнал до Москва дека НАТО е подготвен да се брани.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вежбата „Стедфаст нун“ вклучува 60 авиони во тренажни летови над Западна Европа. Тие вклучуваат борбени авиони способни да носат американски нуклеарни бомби стационирани во Европа и бомбардери со долг дострел, како и авиони за надзор и полнење гориво.

Ниту една од вежбите нема да вклучува боево оружје, соопшти НАТО.

Овогодинешната вежба ќе се одржи во воздушните бази во Белгија и Холандија, како и во воздушниот простор над Британија, Данска и Северното Море. Вклучените авиони доаѓаат од вкупно 13 земји на Алијансата.

НАТО нагласува дека „Стедфаст нун“ е „рутинска и репетитивна активност за обука“, а не одговор на руската инвазија на Украина. Но, има за цел да испрати јасен сигнал до Москва дека НАТО е подготвен да се брани со нуклеарно оружје доколку е потребно.

„Нуклеарното одвраќање е камен-темелник на безбедноста на сојузниците“, изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

А „Стедфаст нун“, додаде тој, е важен тест за нуклеарно одвраќање на Алијансата и испраќа јасна порака до секој противник дека НАТО ќе ги заштити и брани сите сојузници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ