петок, 27 септември 2024

Почна снимањето на играниот филм „Трампи” во режија на Ѓорче Ставрески

На повеќе локации во Скопје почна снимањето на долгометражниот игран филм „Трампи” по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески, а во продукција на Фрагмент филм. Филмот ќе се снима 38 дена.

Објавено на

часот

Сподели

Ова е втор долгометражен игран филм на Ставрески, кој по големиот успех на „Исцелител”, снима нова, сосема поинаква, но подеднакво интересна приказна.

Главните улоги во филмот ги играат Сергеј Димовски и Стефанија Начевска. Во останатите улоги се: Александар Микиќ, Игор Ангелов, Петар Мирчевски, Душица Настова, Наум Ѓоргиевски, Ана Димитрова, Григор Јовановски и многу други.

Директор на фотографија на „Трампи“ е Дејан Димески, сценограф е Симо Бранов, костимограф Жаклина Крстевска, шминка и маска Јасмина Лилиќ од Србија, дизајнер на звук Лука Шуто од Чешка.

Кастинг директор е Билјана Драгиќевиќ Пројковска.

Продуценти на филмот се Ивана Шекуткоска и Ѓорче Ставрески, копродуцент е Алзбета Јаначкова.

Филмот е поддржан од Агенција за филм на Македонија и Чешки филмски фонд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ