понеделник, 14 октомври 2024

Почина поранешниот македонски голман, Дејан Костуранов, имаше само 38 години

Тажна вест доаѓа од Србија, на 38-години почина македонскиот голман Дејан Костуранов.

Објавено на

часот

Сподели

Костуранов во македонското првенство бранеше за Македонија ЃП, Вардар, Силекс, Скопје, Охрид и Еуромилк.

По завршувањето на кариерата во 2016 година, тој се пресели во Србија со своето семејство.

Костуранов ја извршуваше функцијата тренер на голманите на аматерската репрезентација на Србија, а беше и дел од стручниот штаб на Раднички Ратково.

Неговиот последен ангажман беше пред два дена кога на квалификациски турнир во Стара Пазова, со аматерската селекција на Србија обезбеди место меѓу најдобрите осум репрезентации.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ