среда, 9 октомври 2024

Почина пешак откако во него удри дете со мотоцикл

Вчера во СВР Битола било пријавено дека во 20.15 часот на ул Битолска во Демир Хисар, мотоцикл со демирхисарски регистарски ознаки, управуван од 15 – годишник од с.Журче, демирхисарско, удрил во пешакот П.Л.(73) од Демир Хисар.

Објавено на

часот

Сподели

Од здобиените повреди на местото починал пешакот П.Л., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил Д.Ј.(19) од с.Вардино, демирхисарско, сопатник на мотоциклот, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото на несеќата извршиле увидна екипа на СВР Битола и јавен обвинител.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ