Притоа, кај еден од малолетниците од село Грчец бил пронајден и одземен метален боксирач.
Вчера МКД.мк објави дека попладнето група средношколци од средното училиште ГУЦ „Здравко Цветковски” нападнале ученици од гимназијата „Никола Карев” кои се обиделе од нив да заштитат соученичка. Притоа бил повреден ученик од гимназијата кој бил удрен со палка. Беше повикана полиција, а на ученикот му беше пружена помош во болницата „8 Септември”.
По целосно расчистување и документирање на случајот, велат од МВР, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.