Од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери велат дека тој е на работа и дека одржува состаноци и средби во рамки на работниот ангажман.
На координацијата што се одржала на 17-ти август било договорено активностите и одржувањето на седниците на комисиите и работните тела да продолжат во последната недела од август. А првата наредна седница, според информациите од Џафери, ќе биде закажана за 5-ти септември.
Пратениците се вратија на работа само за седницата закажана за 18-ти август што се однесуваше на уставните измени, а официјално годишниот одмор го започнаа по Илинден.