вторник, 8 октомври 2024

По интервјуто на Карлсон со Путин, рускиот новинар Кисељов бара интервју со Бајден

Генералниот директор на медиумската група „Расија севодња“, Дмитриј Кисељов, изјави дека испратил барање за интервју со американскиот претседател Џозеф Бајден, со цел да се продолжи дијалогот меѓу двете земји по интервјуто на рускиот претседател Владимир Путин со американскиот новинар Такер Карлсон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кисељов на ТВ Русија 1 изјави дека испратил барање до Белата куќа за интервју со Бајден за да продолжи дијалогот меѓу земјите по историското интервју со рускиот лидер, пренесува РИА новости.

„Ние веруваме дека нашите земји немаат можност да се слушаат и да се чујат една со друга и веруваме дека претседателот на Руската Федерација Владимир Путин даде достоен пример со тоа што се согласи на интервју наменето за американскиот гледач“, рече Кисељов.

Планирано е интервјуто да биде преведено на странски јазици и дистрибуирано на Телеграмскиот канал на РИА Новости, на веб-страницата Риа и на многубројни медиумски платформи и социјални мрежи на медиумската група, и во Русија и низ целиот свет.

Карлсон во февруари беше во Москва за да го интервјуира рускиот лидер, а интервјуто беше објавено на 9 февруари.

Значаен дел од двочасовниот разговор им беше посветен на украинскиот конфликт и на односите на Русија со САД, НАТО и Западот.

Интервјуто доби повеќе од 200 милиони прегледи на социјалната мрежа Икс.

Интервјуто привлече големо внимание низ светот, бидејќи беше прво интервју на Путин со западен новинар по почетокот на рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ