И натаму по повќе денови, гори нискостеблеста шума во скопскиот атар на територијата на Општина Петровец помеѓу селата Градманци, Брезница и Катланово. Активен е и пожѓарот кај селото Арангел во киевскиот крај, а гори и во Општина Демир Хисар кај селото Сопотница.
Од ЦУК велат дека под контрола се мариовскиот пожар и тоа во прилепскиот регион кај селата Пештани, Кокре, Кален, Дуње, Бонче, Крушевица, Волково, Штавица, Прилепец, Чумово, Селце, Лениште, Беловодица, Смолани и Дрен. Гори ннискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума.
Пожарот кај месноста Дервен во Општина Прилеп е под контрола, како и кај прилеското село Дрен. Под контрола е и пожарот кај селото Десово во Општина Долнени.