До крајот на неделава очекуваме целосно да заврши исплатата на паричните средства. Како доаѓаат родителите со потребната документација, така се исплаќа и помошта. И лани и годинава ги поддржуваме учениците, изјави заменик-градоначалникот на општината, Бобан Цветановски.
На подрачјето на општина Старо Нагоричане има три основни училишта, „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане, „Христијан Карпош“ во Младо Нагоричане и „Христијан Тодоровски – Карпош“ во село Драгоманце, каде функционира и ученички дом.
Во прво одделение во оваа учебна година во руралната општина запишани се 21 ученик, од прво до петто одделение, а во трите училишта има околу 270 ученика.