„Изразив, во разговорот со премиерот на Грција (Киријакос) Мицотакис остра осуда на насилството и сочувство за загинувањето на навивачот на АЕК, а исто така побарав од премиерот на нашите државјани во притвор да им се осигури безбедност“, наведе Пленковиќ на седница на владата, прва по летниот одмор.
Истакна дека хрватската влада најостро го осудува хулиганизмот и навивачкото насилство кои претставуваат негација на спортот, и му прават штета на хрватскиот фудбал и угледот на Хрватска.
„Важно е хулиганизмот, дивјаштвото и насилништвото како општество во целост да ги осудуваме“, истакна Пленковиќ и додаде дека државата ќе настојува максимално да ја исполни уставната обврска да ги штити хрватските државјани и да им пружи правна и конзуларна помош.
Од грчкиот премиер побарал и „праведен, брз и ефикасен“ правосуден процес против стотината притворени навивачи на Динамо Загреб, кои во мали групи се распоредени во затвори во Грција.
Пленковиќ оцени дека не е реално сите стотина навивачи да се подеднакво одговорни за немирите, нанесувањето физички повреди или уништување материјален имот.
Побарал оние за кои нема да се утврди одговорност за тоа, што побрзо да се депортираат во Хрватска.