среда, 9 октомври 2024

Плаќајте во движење со Халкпеј и Џарминпеј

Објавено на

часот

Сподели

Најпрактичен начин на плаќање секако е со користењето на мобилниот уред како паричник, што е и побезбедно бидејќи го намалува ризикот од измама и кражба. Мобилните паричници користат напредни безбедносни мерки како биометриска автентикација, што значи дека само вие можете да пристапите до вашите информации за плаќање и со помош на отпечаток од прст. На овој начин, информациите за плаќање се шифрирани и не треба физички да се разменуваат помеѓу клиентот и трговецот, со што се намалува ризикот од компромитирање на информациите. Овој начин на плаќање го револуционизираше начинот на кој луѓето плаќаат за стоки и услуги, а неговата популарност се очекува само да расте бидејќи сè повеќе луѓе ја прифаќаат практичноста на оваа технологија.

Халкбанк АД Скопје, во духот на денешното динамично време, на своите клиенти им го овозможува ваквиот начин на плаќање со користење на мобилната апликацијата HalkPay, која претставува одговор на рапидното менување на трендовите во поглед на корисничкото искуствоАпликацијата HalkPay е достапна за секој клиент со активна платежна картичка од брендот Mastercard или Visa, издадена од Халкбанк АД Скопје. Апликацијата е потребно да се преземе од Google Play Store на паметен телефон со оперативен систем Android.

По инсталирање на HalkPay и потребната дигитализација на картичките, сѐ што треба да направи корисникот кога сака да изврши плаќање е да го доближи својот мобилен уред до ПОС-терминалот. Aпликацијата дополнително овозможува и плаќање со повеќе дигитализирани картички во банката, со тоа што како основна картичка се избира 1 картичка со опција за брзо плаќање (fast payment), а другите дигитализирани картички може да се користат за плаќање со мобилната апликација доколку пред плаќањето се избере конкретната картичка. Дополнително, преку апликацијата може да се врши и преглед на трансакциите кои се направени преку HalkPay, а клиентот добива и корисничка поддршка 24 часа, 7 дена во неделата.

Уште едно иновативно решение на Халкбанк е GarminPay, систем за дигитален паричник кој им овозможува на корисниците на Garmin паметните часовници да вршат бесконтактни плаќања директно од нивниот уред. Овој платежен систем работи така што ги складира информациите од кредитната или дебитната картичка на паметниот часовник Garmin и му дозволува на корисникот само со допир да плати на кој било терминал за плаќање со овозможен NFC. Услугата Garmin Pay е достапна за користење на сите ПОС терминали што поддржуваат бесконтактно плаќање. При ваквиот тип на плаќање, потребно е да се внесе лозинка, да се избере картичката со која ќе се врши плаќање и потоа часовникот да се доближи близу читачот на ПОС терминалот.

За да го користат GarminPay, корисниците мора најпрвин да го постават својот дигитален паричник преку мобилната апликација Garmin Connect, која им овозможува да ги дигитализираат своите дебитни и/или  кредитни картички од брендот Visa и/или Mastercard (Visa Platinum, Visa PayWave Electron, Visa Classic, Visa Gold, Visa Paywave Credit, Mastercard Debit Contactless, Mastercard Contactless, Mastercard World) издадени од Халкбанк АД Скопjе и да го активираат GarminPay. Мобилната апликација Garmin Connect може да се преземе од GooglePlay Store на мобилен уред со оперативен систем Android или од App Store за мобилен уред со оперативен систем iOS. По успешно дигитализирање на картичките, корисниците можат брзо и едноставно да платат, користејќи го единствено паметниот часовник Garmin.

                                                                                                                                               Комерцијален текст

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ