Изјавата на Чое Сон Хуи е одговор на изјавата на седумте најразвиени земји во светот САД, Германија, Велика Британија, Франција, Италија, Јапонија и Канада, со кои се осудува тестирањето на новата интерконтинентална балистичка ракета од страна на Северна Кореја.
Пјонгјанг најави повеќе „офанзивни“ акции поради заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја, тврдејќи дека маневрите се подготовка за „сеопфатна нуклеарна војна“.
„Погрешно е да се мисли дека само Вашингтон има право и способност да изврши нуклеарен напад“, изјави Чое Сон Хуи, пренесува Ројтерс.