На вежбата, соопштија од МВР, на која учествувале и ученици од две скопски средни училишта „Марија Склодовска Кири“ и „Владо Тасевски“ биле направени конкретни примери за сите здравствени ризици по оние што употребуваат приротехнички средства, пред се повреди на раце и нозе, повреди на глава и справувањето со истите.
„Практично оваа активност е дел од континуираните превентивни активности на македонската полиција во различни сегметни од безбедноста и заштитата на сигурноста на граѓаните, што се одвиваат на подрачјата на сите осум Сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР“, соопштија од МВР.
Обраќајќи им се на средношколците учесници во показната вежба, директорот Јанев истакнал дека пиротехниката ниту била, ниту може да биде средство за забава или прослава, особено не за децата и младите, притоа посочувајќи ја точноста и важноста на пораката што средношколците ја упатиле преку отпечатените плакати „Стоп за петардите – опасни, штетни и ни малку „кул“!.