„Ме сликате, ме следите и се заканувате. Предходно не ме критукувавте за работењето, туку ме омаловажувавте, навредувавте и клеветевте. Но јас криткував и ќе продолжам. Тоа ми е должност. Како што е должност на МВР да провери кој следи народен пратеник, доскорашен министер за одбрана, односно жена додека го шета својот миленик и згора на се објавува фотографии на социјални мрежи и се заканува“, вели Петровска.
Таа нагласува дека Скопје седум месеци „по превземањето на МВР од страна на ДПМНЕ е небезбеден град“ и му поставува прашање на премиерот:
„Христијан, наместо да ме замолчуваш со притисоци од ваков тип одговори ѝ на јавноста: Дали сторителите на вчерашното убиство во сред бел ден, во центарот на Скопје се двајца осудени криминалци кои наместо да се во затвор, биле на слобода и дали е точно дека по нив е распишана потерница пред повеќе од 30 дена? Во тоа време обврската за нивно пронаоѓање и враќање во затвор е на Министерството за внатрешни работи. Ако биле во затвор, каде што и требало да бидат, немаше да го извршат вчерашното убиство“.
Поранешната министерка во објавата на Фејсбук порачува:
„Патем ќе поднесам пријава до МВР и да видиме каков пристап ќе има МВРО-ВМРО во случајот за тоа што ме следат и ми се закануваат“.
Претходно, денеска, таа имаше објава на Фејсбук во врска со вчерашното убиство во Скопје, споемнувајќи го во определен контекст и премиерот Мицкоски, а потоа тој изјави дека против неа ќе поднесе кривична пријава. На тоа Петровска возврати дека тужбата од Мицкоски ќе биде одлична можност пред судот да ги изнесе доказите против него.