На гласачкото ливче се имињата на судиите Ацо Тасев, Мери Гичева и Невена Перица сите од Основниот суд Штип, како и имињата на Данка Ристова и Тони Делев од Апелацискиот суд Штип.
Гласачките места се отворени до 15 часот, по што Комисиите кои ги има формирано Судскиот совет ги пребројува гласовите и го носи материјалот во Скопје. Право на глас имаат околу 40 судии од штипското Апелациски подрачје.
Новиот член на Судскиот совет ќе го заземе местото на судијата Лорета Ѓоргиева, на која и завршува мандатот како член на Судскиот совет од подрачјето на Апелацискиот суд Штип.
Денеска се бира и еден член на советот од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20 отсто од населението во Македонија од страна на сите судии запишани во Судскиот изборен именик.
На единствената посебна листа од судиите припадници на сите заедници кои не се мнозинство за целата територија на Македонија има само еден кандидат, судијата Аритон Ала од Апелацискиот суд Скопје.
Новиот член од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20 отсто од населението во Македонија ќе дојде на местото на Мирсад Сурои од Основиот суд Куманово чиј шестгодишен мандат истекува на 18 декември.
Гласањето почна во 8 часот и ќе трае до 15 часот во изборните места во сите судови во земјава.
Судскиот совет го сочинуваат 15 члена, од кои осум се избираат од редовите на судиите, тројца избира Собранието и двајца членови се на предлог на претседателот на државата. Членови без право на глас се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда. Тие се избираат со мандат од шест години, со право на уште еден реизбор.