вторник, 3 декември 2024

Пет бронзи за каратистите на Макпетрол на Балканскиот шампионат во Сараево

Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 викендов се одржа во Сараево, а каратистите на „Макпетрол“ освоија пет бронзени медали.

Објавено на

часот

Сподели

Стефан Стојановиќ и Данило Божовиќ се закитија со по две одличја, додека Јована Мицовска оствари еден пласман на третата позиција. На шампионатот што се одржа во главниот град на Босна и Херцеговина учество земаа 1,234 каратисти од 13 држави со 1,297 натпреварувачки влезови.

Членовите на скопски „Макпетрол“, кои се дел од македонската репрезентација, се закитија со вкупно пет медали во поединечна и во екипна конкуренција во дисциплината кумите (борби). Три одличја се во поединечна, а две во екипна конкуренција. Сите медали се освоени во највозрасната категорија на помлади сениори (У21).

Најдобриот млад каратист на Македонија, Стефан Стојановиќ (+84 кг.), загуби борба од грчкиот натпреварувач Петрос Стефанидис и не се пласира во финалето. Резултатот беше нерешен (1-1), но поради прв освоен поен претставникот на Грција имаше можност да се бори за злато. Стојановиќ потоа во репасаж извојува две победи и го освои бронзениот медал. Тој ги оствари следните резултати против: Углеша Пејовиќ (Србија) 1-0; Норик Халилосмани (БиХ) 6-0; Умит Ерџан (Турција) 3-3; Душан Бијелиќ (Црна Гора) 4-2.

Во категоријата -61 кг., членката на „Макпетрол“, Јована Мицовска, ги оствари следниве резултати против: Јована Чалиќ (Црна Гора) 8-0; Сена Кизиласлан (Турција) 3-6; Лариса Адријана Ивашчу (Романија) 6-0; Нурсена Атиџи (Турција) 6-1. Данило Божовиќ (-84 кг.) го оствари овие резултати против следните натпреварувачи: Кемал Незириќ (БиХ) 3-2; Дејан Миленков (Бугарија) 0-0; Немања Микулиќ (Црна Гора) 2-9; Александар Новицки (БиХ) 3-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ