недела, 23 март 2025

Песната што Тито (наводно) ја забранил, а Јованка нарачала да ѝ ја пеат на уво

Една од урбаните легенди поврзани со Јосип Броз Тито, Јованка и поранешната држава е поврзана со песната „Плућа су ми болна“ (Белите дробови ми се болни), напишана и компонирана од српскиот текстописец и композитор Драгиша Недовиќ, која се смета за една од најтажните и најдепресивни песни што некогаш биле напишани во Југославија. Оваа балада, создадена во 1950 година, ја отсликува личната борба на поетот со туберкулозата и чувството на неизбежна пропаст.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според урбаната легенда, за која нема конкретни докази, Партијата донела одлука песната да се забрани поради зголемувањето на бројот на самоубиствата кај заболените од туберкулоза во СФРЈ. ЦК и Тито одлучиле плочата со оваа песна да биде повлечена од продажба и да се забрани секое нејзино изведување. Објаснувањето било дека песната е тажна и дека лошо влијае на луѓето, толку многу што може да поттикне самоубиствени мисли.

Забраната наводно траела речиси десет години, сѐ додека неочекувано не била укината на една прослава, по иницијатива на Титовата сопруга Јованка Броз.

Според приказната што се раскажува и денес, другарката Јованка на една од прославите ја нарачала песната да ѝ се пее на уво (исто така непотврдено се вели дека во тој период таа боледувала од туберкулоза и затоа ја побарала токму оваа песна) и тој момент го означил крајот на забраната и враќањето на песната во јавниот живот.

Песната на Јованка ѝ ја пеела белградската пејачка Нада Мамула. Подоцна „Плућа су ми болна“ ја пееја и други пејачи, а за најтрогателна верзија се смета за онаа во изведба на Боро Спужиќ Квака.

Стиховите на песната зрачат со длабока тага и чувство на неизбежен крај:

„Белите дробови ме болат, здравје веќе немам

Зашто многу се блиску моите задни дни

Ќе живеам уште денес, а можеби и утре

И потоа засекогаш збогум животе мој.“

Слушајте ја на свој ризик 😃:

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ