„Путин повеќе пати кажа дека е спремен да разговара за мир“, рече тој, инсистирајќи дека Русија сака да ги постигне своите цели, но дека претпочита тоа да го стори „по мирен пат“.
На прашањето дали Украина може да пристапи во Европската Унија, Песков одговори: „Тоа е суверено право на секоја земја, нема да диктираме“.
Американската страна во однос на денешниот состанок нагласи дека тој не е за почнување преговори, туку за утврдување дали Русија е сериозна во однос на завршувањето на војната во Украина.
Русија вели дека нејзин приоритет е да почне нормализирање на односите со САД.