четврток, 10 октомври 2024

Песков: Интервјуто на Путин со Карлсон упатено до широката публика на Запад, не до властите

Интервјуто на рускиот претседател Владимир Путин со американскиот новинар Такер Карлсон не беше упатено до властите на Соединетите Американски Држави, туку до широката публика на Запад, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за Тасс.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

За нас е најважно да се слушне нашиот претседател. А ако се слушне значи дека повеќе луѓе ќе помислат дали е во право или не. Барем ќе размислуваат, објасни Песков.

На Русија и е тешко да се спротивстави на САД во смисла на пропаганда, бидејќи „Англосаксонците, на овој или оној начин, ги поседуваат сите најголеми радиодифузни сервиси, сите најголеми весници“, објасни тој и додаде дека интервјуто со Карлсон е многу добра можност да се пренесе ставот на Москва до народот.

Песков истакна дека американските власти и без ова интервју совршено ги знаат сите главни пораки на Путин.

Тие многу добро знаат што сака да каже. Не се работи за знаење, туку за желба. Желба да се направи нешто за да се излезе на преговарачката патека. Сè уште не сме ја регистрирале таа желба и политичка волја од страна на САД, заклучил Песков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ