Песков наведе дека Кремљ добро знае дека „одлуките за таквите акции и таквите терористички напади не се носат во Киев, туку во Вашингтон“ и дека се смешни нивните обиди да се оградат од одговорноста, пренесуваат руските агенции.
„А Киев само го прави она што му е кажано да го направи“, кажа Песков.
Руската претседателска резиденција вчера објави дека Киев се обидел со напад со дронови да го убие рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ.
„Две беспилотни летала беа насочени на Кремљ. Како резултат на навремените дејства на војската и специјалните служби со користење радарски системи за војување, беспилотните летала беа онеспособени“, се наведува во соопштението кое го пренесува РИА Новости.
Во соопштението се додава дека Путин бе бил повреден а распоредот на неговите активности не е сменет.