„Путин не патувал во последниве години. Сепак, сега САД се земја која не ги исполнува на најдобар начин своите обврски како седиште на ОН. Затоа, сега веројатно и не се најдобрата дестинација за патување“, изјави Песков за Спутник, одговарајќи зошто Путин повторно одлучил да не зборува на Генералното собрание на ОН.
Путин претходно го одобри составот на руската делегација од десет лица кои ќе учествуваат на 79 сесија на Генералното собрание на ОН, што ќе се одржи на 22 и 23 септември во Њујорк.
Делегацијата ќе ја предводи министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.