понеделник, 14 октомври 2024

Пешиќ веќе не е селектор на Србија

Светислав Пешиќ потврди дека веќе нема да ја води кошаркарската репрезентација на Србија откако неговиот договор истече.

Објавено на

часот

Сподели

Договорот на Светислав Пешиќ со Кошаркарскиот сојуз на Србија истече, соработката нема да продолжи, наскоро Србите ќе назначат нов селектор.

„Претседателот на КСС, Предраг Даниловиќ поднесе оставка. Како што разбрав тоа го направи за да овозможи на новото раководство да формира нов стручен штаб и да постави нови цели. Кога сум јас во прашање уште пред Париз соопштив дека некој друга треба да го продолжи она што го започнав. Бидејќи гледам дека некои не слушнале, сега им порачувам на одговорните кои во иднина ќе го водат КСС дека треба да најдат нов тренер. Јас секогаш ќе бидам на располагање на српската кошарка, но ќе се насочам кон некои други цели и проекти за кои немав време затоа што 24 часа бев во служба на националниот тим“, изјави легендарниот тренер Пешиќ.

Србија под негово водство стана светски вицешампион и стигна до бронза на Олимписките игри во Париз каде што беше блиску и да слави против американскиот „дрим-тим“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ